Аудиториска вежба 4 - finki-mk/VP GitHub Wiki
Цели на вежбата
- Запознавање со контролите
ListBox
иCheckedListBox
и нивните најважни својства и настани - Пример апликација со
ListBox
ListBox
ListBox
се употребува за прикажување листа со стрингови од кои
може да се селктираат еден или повеќе одеднаш. Треба да се употребува кога при дизаjнирање не е познат броjот
на вредности од кои корисникот може да избере или пак кога
листата за избор е многу долга. Класта ListBox
е изведена од класата ListControl
, коjа ги
овозможува основните функционалности на за контрола листа.
Друг вид на контрола листа е CheckedListBox
. Изведена е од
класата ListBox
и се разликува во тоа што пред тесктуалниот
стринг има квадратче за означување (CheckBox
).
Поважни својства
Својство | Опис |
---|---|
SelectedIndex | 0-базиран индекс на селектираниот елемент во листата. Ако листата е со можност за повеќекратна селекциjа го дава индексот на првиот селектиран елемент. Кога ништо не е селектирано неговата вредност е -1. |
Items | Колекциjа со сите елементи во листата. Преку оваа колекциjа се додаваат и отстрануваат елементи од листата. SelectedItem |
SelectionMode | Еден од четири видови на селекциjа. None: Ништо не може да се селектира. One: Само еден елемент може да се селектира. MultiSimple: Повеќе елементи може да се селектираат. MultiExtended: Пове ́ке елементи може да се селектираат со употреба на Ctrl, Shift. |